Ужасен старт во Силверстон: Кинезот Жу леташе во воздух, среќа што остана жив (ВИДЕО)

Трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстон беше прекината речиси веднаш по стартот, на кој освен што се случија неколку спектакуларни престигнувања на врвот имаше и ужасен инцидент.

По еден судир на задниот дел од колоната, болидот на Гуанју Жу почна да се лизга на патеката по што се преврте и летна во воздухот, по што, за среќа, беше приземјен од заштитната ограда пред трибините. За среќа, заштитата наречена „Хејло“, која буквално ја штити главата на возачот во случај на превртување, овој пат сигурно му со спаси животот на кинескиот возач.

Во инцидентот настрадаа и Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури). Албон и Жу се пренесени во медицинскиот центар и се очекуваат информации за нивната состојба. Трката и 40-тина минути по стартот се уште не е продолжена, додека не се расчисти ситуацијата на патеката.