Уште еден пех за Ф1: Трки на легендарниот Силверстоун нема да има?

Новата сезона во Формула 1 која воопшто и не стартуваше поради пандемијата со коронавирус, доживеа уште еден пех, откако беше објавено дека сезоната ќе почне со гранприто во Австрија, зашто трка на легендарниот Силверстоун за Големата награда на Велика Британија по се изгледа нема да има.

Причина за ова е – задолжителниот карантин. Велика Британија воведе задолжителен карантин за најголемиот дел од патниците кои ќе дојдат на Островот како една од ригорозните мерки за превенција и заштита од Ковид-19, па со тоа отпаѓа веќе извесно трката на Силверстоун. Како што беше првично планирано, тука требаше да се возат две трки, како и во Австрија, за да се надополни мал дел од загубеното време со прекинот во непочнатиот шампионат.

„Двонеделен карантин ќе ни оневозможи да се одржи ГН на Велика Британија оваа година. Покрај ова, тој карантин ќе има влијание на десетина поврзани дејности до Ф1, ланците за снабдување... Мислам дека може да се избегне, во авионите ќе бидат само тимовите од Ф1, кои претходно би биле тестирани, но... Карантинот е непотребен, ама од државните власи зависи тоа“, велат од Ф1.