„Трансферот на Хамилтон во Ферари не ме чуди, но ќе ни направи проблеми“

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен кажа дека не бил изненаден од потегот на Луис Хамилтон да го напушти Мерцедес и да потпише со Ферари.

Хамилтон од 2025 година ќе вози за Ферари, а Ферстапен смета дека тоа ќе ја зголеми конкуренцијата за титулата.

„За мене не е изненадување преселбата на Хамилтон во Ферари. Сепак, не очекував да биде потврдено толку рано. Неговиот потег не ме чуди, но ќе ни направи проблеми“, кажа Ферстапен.