Тото Волф со чудна изјава: Хамилтон може да прави што сака

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека покрај доминантниот болид кој го има тимот, клучот за успехот е во тоа што тие му дозволиле на Луис Хамилтон да живее како што тој сака.

Британецот има 12 победи на последните 17 трки, освојувајќи ја петтата светска титула минатата година, и многу веројатно без проблеми ќе стане и шесткратен шампион на крајот на оваа година.

Најважно е да се сфати дека сите сме различни личности и потребна ни е различна атмосфера да работиме добро. На Луис му е потребно да ги следи и другите интереси и амбиции. Наместо да го поставиме во кутија и да му кажеме: „Вака треба да се однесуваш, да не одиш никаде пред трките, да не снимаш музика“, ние му даваме слобода за да извлече повеќе на патеката, вели Волф.