Таткото на Ферстапен: Го разбирам бесот на Макс, тој е ранет и сака да победи!

Поранешниот возач на Формула 1, Јос Ферстапен ги коментираше обвинувањата на неговиот син Макс против тимот на Ферари

Пилотот на Ред Бул истакна дека неуспехот на италијанскиот тим во САД е резултат на прекинување на измамата.

Го видов ова и си помислив: „О, не!“ Ова веројатно не е најпаметната изјава, но го разбирам Макс затоа што е ранет и сака да победи. По паузата, тој немаше шанси против Ферари. Мислам дека сите знаат дека користеле дупки, и ова објаснува зошто тие одеднаш станале толку брзи по прави линии. Ова можеби не е измама, но од етичка гледна точка ова не е целосно исправно. Драго ми е што сега стана јасно, зошто сите беа заинтересирани да дознаат што прави Ферари, изјави Ферстапен сениор.

Тимот на Ферари искористи „дупка“ во правилата и успеа да обезбеди поголема моќ на нивните болиди на права патека преку зголемен проток на масло во турбината. Пред трката за Големата награда на САД и по најавата дека и други тимови ќе го сторат истото, ФИА донесе забрана.

По оваа одлука, болидите на Ферари, на трката во Тексас изминатиот викенд беа инфериорни во однос на конкурентите за највисок пласман.