
Втората тенисерка на светот плачеше на Вимблдон: Ментално сум пореметена (ВИДЕО)
Таа по мечот со солзи во очите проговори за емотивниот товар што го носела по титулата на Ролан Гарос и отворено призна дека психички не била подготвена за овој предизвик.
„Се чувствував како ментално да бев малку пореметена од сè што следеше по победата во Париз. Немав чувство дека имав доволно време да прославам, но и да се вратам во ритам. Дефинитивно имав проблеми во соблекувалната. Не сакам да губам. Едноставно, се чувствувам малку разочарана од начинот на кој настапив денес“, рече низ солзи Гоф на прес-конференцијата.
Иако мечот започна израмнето – двете тенисерки направија по еден брејк, Јастремска беше посигурна во тај-брејкот и го доби првиот сет. Во вториот сет, Гоф доживеа целосен пад – загуби три пати на свој сервис и без вистински отпор ѝ го препушти мечот на мотивираната Украинка.