Строл нема да вози во Сингапур поради судирот по кој среќа е што воопшто е жив (ВИДЕО)

Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, нема да биде дел од денешната трка за Големата награда на Сингапур, објавија утринава од неговиот тим, со цел целосно да се рехабилитира по стравичната несреќа што ја имаше на вчерашните квалификации по која е голема среќа што воопшто остана жив.

Тој удри во заштитниот ѕид, по што неговиот болид буквално се распарчи, а предниот дел воопшто го немаше.

„Тимот е пресреќен што Ленс можеше сам да го напушти болидот по стравичната несреќа, но тој се уште чувствува последици од целиот инцидент. Наш приоритет е неговата рехабилитација, поради што нема да вози вечерва туку ќе се фокусира да биде подготвен за трката во Јапонија следниот викенд“, изјави директорот на Астон Мартин, Мајк Крак.

Строл зад себе има солидна сезона, со оглед што во моментов е на деветтото место во генералниот пласман на возачите со 47 освоени бодови.