Строл имаше страшна несреќа во квалификациите во Сингапур (ВИДЕО)

Првите квалификации за трката за Големата награда на Сингапур беше прекината поради страшна несреќа на Ланс Строл од Астон Мартин, кој со неговиот болид заврши во заштитниот ѕид.

Болидот буквално се распарчи по судирот со ѕидот, а Строл излезе неповреден од возилото, иако допрва треба да направи медицински прегледи.