Страшен судир во Формула 2: Пилотите итно префрлени во болница! (ВИДЕО)

Жестока несреќа се случи за време на трката во Формула 2 за Големата награда на Русија.

Иемно, пилотите Нобухару Макушита и Никита Мазепин имаа брутален судир со своите болиди, поради што претрпеа повреди по кои веднаш беа префрлени во болница.

После деталното испитување, сепак пристигнаа одлични вести -ниту еден од возачите нема сериозна повреда.

Трката веднаш беше запрена штом се случи несреќата и тоа уште во првиот круг.