Синот на Михаел Шумахер: Никогаш не го гледав татко ми како најдобар возач на светот

Синот на Михаел Шумахер, Мик, кој се натпреварува во Формула 2, зборуваше за својот татко.

Еден од најдобрите возачи во 2013 година претрпе тешка повреда на главата за време на скијањето и моментно се опоравува.

Во отворено писмо, Мик откри што го научил неговиот татко.

Тој секогаш ми беше на прво место. Лекциите и советите што ги добив од него не ги земам здраво за готово. Една од нив е никогаш да не бидам еуфоричен или премногу депресивен, истакна Мик Шумахер.

Тој посочува дека не му било лесно да се пробие и да се избори за свое име со оглед на звучното презиме кое го носи.

Сфатив многу рано на тоа дека сакам да бидам возач во Формула 1, да бидам шампион. Започнав со картинг кога имав три години, се натпреварував на национално ниво на осумгодишна возраст. На возраст од 11 или 12 години, знаев дека сакам да се тркам професионално. Користев разни различни имиња, бев инкогнито за да докажам дека не сум „син на тато.“. Разбирам сè, татко ми е петкратен последователен шампион во Формула 1, во годините по моето раѓање. Никогаш не го видов татко ми како најголем возач на светот, вели Мик.

Мик Шумахер (21) се надева дека еден ден ќе може да се испроба во Формула 1, а неговиот татко ја освои титулата седум пати.