Шок во мото-светот: Рено стави крај на традиција долга – 50 години!
Оваа одлука значи дека тимот на Рено Алпин веќе во 2026 година ќе мора да купи мотор од друг производител, а тоа се очекува да биде од Мерцедес Бенц. Фабриката каде што се произведуваа моторите за Формула 1 во иднина ќе биде посветена на развојот на електромотори и батерии, како и на останатите активности на Рено во мото-спортот.
Оваа одлука ќе го означи крајот на 50-годишната традиција. Рено беше пионер во развојот на турбо мотори во Формула 1 почнувајќи од седумдесетите години од минатиот век. Оттогаш, Рено континуирано произведува мотори за болиди во Формула 1, со прекин во периодот од 1998 до 2000 година, а зад себе има две шампионски титули во конкуренција на возачи и конструктори, обете во 2005 и 2006 година.