Серхио Перез заминува од Ред Бул, познато и кој ќе го замени

Младиот 22-годишен Лијам Лосон ќе биде возач на Ред Бул наредната сезона, пренесува британскиот „Скај“.

Станува збор за возач кој веќе пет години е дел од програмата на Ред Бул, а во минатата сезона возеше за филијалата на овој тим РБ Хонда.
Лосон така ќе стане клупски колега со актуелниот четирикратен светски шампион, Макс Ферстапен.

„Детето на Ред Бул“ пристигнува на местото на Серхио Перез кој потфрли во актуелната сезона и токму поради него овој тим остана без титулата во конкуренција на конструктори.

Останува само Ред Бул и Перез да се договорат околу начинот на прекинот на соработката и да се заврши промоцијата на Лосон.