Серхио Перез останува во карантин – вториот контролен тест пак му е позитивен!

Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез и понатаму е позитивен на коронавирус, па ќе ја прескокне и новата трка на Силверстоун, со која ќе се одбележи 70-годишнината од првото гранпри во „октанскиот циркус“.

Перез непосредно пред гранприто на Велика Британија минатиот викенд на тестирањето беше позитивен и веднаш заврши во карантин, па после седум дена се надеваше дека ќе може да се врати, ама иако првиот тест му беше негативен, на вториот контролен повторно е позитивен и останува во изолација.

Од тимот објавија дека Мексиканецот добро се чувствува.

Повторно на местото на Перез и за следната трка во недела од 15.10 ќе се појави Нико Хулкенберг, кој и минатиот викенд требаше да вози, ама не ни стартуваше поради проблеми со болидот.