Се појави снимка од трагедијата во Краљево – како српски автомобилист загина на лице место (ВИДЕО)

Голема трагедија ја потресе Србија денеска во рамките од автомобилистичкиот шампионат и трката на патеката „Берановац“ крај Краљево, каде на лице место загина 38-годишниот автомобилист Владимир Шекуларац.

Видео од кобниот момент во кој Шекуларац со своето југо се заби во банкина, а потоа полета и се истркала, откако загуби контрола се појави на социјалните мрежи и делува застрашувачки.

После несреќата трката веднаш беше прекината, а експресно реагирале лекарските екипи, но иако со возило на брза помош бил однесен во болница во Краљево, обидот со реанимација да му се спаси животот не успеал.