Саинц ќе тргне прв во Сингапур, ужасни квалификации за Ред Бул

Возачот на Ферари, Карлос Саинц имаше одлични квалификации за трката за Големата награда на Сингапур и ќе тргне од пол-позиција откако беше најбрз на патеката, а зад себе го остави Џорџ Расел од Мерцедес.

Саинц имаше време од 1.30.984 во квалификациите, додека Расел доцнеше 0.072 секунди, по што следеше Шарл Леклер во топ-3.

Зад првата тројка следат Ландо Норис, Луис Хамилтон, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Естебан Окон, Нико Хулкенберг и Лиам Лосон.

Ужасни квалификации имаа возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез кои ги освоија 11 и 13. место.