Саинц го објави тимот за кој ќе вози во следната сезона (ФОТО)

Шпанскиот возач Карлос Саинц заминува од Ферари на крајот на сезоната, а следната година ќе вози за Вилијамс заедно со Алекс Албон.

Саинц ја соопшти веста за неговата следна екипа во Формула 1 и кажа дека потпишал двегодишен договор со Вилијамс.

Според медиумите, во договорот има тајна клаузула која му овозможува на Саинц да замине доколку пристигне понуда од Ред Бул или Мерцедес.