Првата Ф1-трка во Мајами ќе биде околу стадионот „Хард Рок“ (ВИДЕО)

Мајами во 2021 година за прв пат ќе биде домаќин на една Формула 1 трка. Иако првично беше планирано да се вози улична трка низ јужниот американски град, сепак плановите се сменија. 

Патеката во Мајами ќе биде изградена околу стадионот „Хард Рок“, каде моментално настапува НФЛ-тимот Мајами долфинс. Градот Мајами и клубот склучија партнерски договор со Формула 1 и набрзо ќе биде започната изградбата на се што е потребно како инфраструктура околу стадионот за тоа да прерасне во прекрасна тркачка патека.