Прва пол-позиција на Бецеки и рекорд на патеката во Тајланд (ВИДЕО)

Возачот на „ВР46“, Марко Бецеки направи големо изненадување откако ја освои пол-позицијата пред трката в недела за Големата награда на Тајланд.

За Бецеки ова е прва пол-позиција во кариерата, а исто така го извозе најбрзиот круг за време од 1.29,671 и така постави нов рекорд на патеката.

Од втората позиција ќе тргне Хорхе Мартин, а по нив следат Франческо Бањаја и Фабио Квартараро, кои сезонава се борат за шампионската титула.