Проблеми во Ферари: Шефот на екипата заврши во болница!

Шефот на Ферари, Фред Васер ги пропушта квалификациите за Големата награда на Монако поради здравствени проблеми.

Французинот ќе има медицински прегледи, по кои треба да бидат познати повеќе детали за неговата состојба.

„Фред Васер нема да биде на квалификациите. Му посакуваме брза рехабилитација и се надеваме дека наскоро ќе го видиме покрај патеката“, соопшти Ферари.

Засега не е познат здравствениот проблем со кој се соочува, но наскоро се очекуваат повеќе детали.