Пол - позицијата за Валтери Ботас, Хамилтон разочара во квалификациите

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, ја освои пол - позицијата на прката за Големата награда на САД, откако извозе најдобро време во квалификациите (1:32.029). 

Зад него, од првиот ред ќе стартува и четирикратниот шампиони и пилот на Ферари, Себастијан Фетел, кој имаше заостанување од 12 илјадитинки делови од секундата, додека третото најдобро време го извозе возачот на Ред Бул Макс Ферстапен. 

Веднаш до него ќе биде Шарл Леклер од Ферари, додека најголемото разочарување го имаше актуелниот шампион кој е на чекор до одбрана на титулата, Британецот Луис Хамилтон. Но, по се изгледа Хамилтон уште на утрешната трка ќе дојде до нова титула, вкупно шеста, бидејќи му недостасуваат само четири бода повеќе во однос на клупскиот колега. 

Од шестата позиција ќе стартува Александер Албон, додека меѓу десетте најдобри се уште и Карлос Саинц, Ландо Норис, Даниел Рикардо и Пјер Гасли.