Почина млад швајцарски возач по ужасната несреќа во Мото 3 (ВИДЕО)

Младиот швајцарски возач Џејсон Дупаские почина по ужасната несреќа која му се случи на квалификациите за Големата награда на Италија во Мото 3 категоријата.

Швајцарецот во вториот дел од квалификациите имаше тешка несреќа во која учествуваа уште двајца возачи, а Дупаские летна преку моторот и тресна на патеката.

Веднаш по падот од моторот останал без свест, по што пристигна медицинска помош, а потоа со хеликоптер беше префрлен во болница во Фиренца, но не ја доби најважната битка за неговиот живот.