Пике му се извини на Хамилтон за расистичката изјава

Нелсон Пике предизвика бура од реакции во јавност особено во мотоспортот поради контроверзна расистичка изјава за Луис Хамилтон

Бразилецот и поранешен трикратен светски шампион во Формула 1 му се извини на Британецот, но и на јавноста за својата изјава. 

„Се извинувам со цело срце до сите кои се засегнати, како и Луис“, рече Пике, кој не сакаше да се брани за кажаното, но наведе дека терминот што го кажал е еден од оние што се користат често во португалскиот речник во Бразил за „човек“ или „личност“ и дека не му била намерата да навреди некого. 

„Никогаш не би го користел зборот за кој сум обвинет во некои преводи. Преводот во бразилските медиуми што кружи низ социјалните медиуми не е точен. Дискриминацијата нема место во Формула 1, во нашето општество и среќен сум што можам да ги појаснам работите“, заврши поранешниот шампион. 

Пике во иднина нема да може да присуствува на Ф1 трките како гостин.