Откажани уште две трки во Мото ГП поради коронавирусот

Денеска официјално беше соопштено дека трките од Мото ГП во Велика Британија и Австралија нема да се возат поради пандемијата на коронавирусот.

Трката за Големата награда на Велика Британија требаше да се вози од 28 до 30 август на патеката Силверстоун. За првпат по 70 години нема да се вози ниту една Мото ГП трка, а откажан е и британскиот Куп за таленти.

Трката во Австралија беше закажан во период од 23 до 25 октомври, но ниту таа годинава нема да се вози поради Ковид-19, а организаторите и на двете трки кажаа дека се разочарани поради одлуката.