Официјално: Перез ќе вози за Ред Бул до 2026 година

Екипата на Ред Бул нема да го промени тандемот возачи ниту за следната сезона, откако потврди дека му е продолжен договорот на Серхио Перез.

Долго време се шпекулираше дека Перез ќе го напушти тимот поради лошите резултати кои ги има во изминатите две сезони, меѓутоа Ред Бул реши да го задржи.

Ред Бул соопшти дека Перез ќе остане во екипата до 2026 година, а засега не се објавуваат детали од договорот меѓу двете страни.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN F1 (@espnf1)