Одложена трката за ГН на Австралија, сезоната во Ф1 почнува Во Бахреин

Формула 1 мораше да прави измени во календарот за новата сезона 2021 година поради Ковид-протоколите во Австралија и Кина. 

Сезоната традиционално стартуваше со трката во Мелбурн на „Алберт Парк“, но оваа година ќе почне во Бахреин. Австралиското гран при е презакажано за 21 ноември и ќе биде 21-ва трка во сезоната. Трката за Големата награда на Кина исто така е одложена, но нема точен датум кога би се одржала.

ГН на Бахреин ќе биде прва трка на „Шакир“ на 28 марто, а и Имола се враќа во календарот како и ланската сезона и ќе биде втора трка во сезоната на 18 април. Измени во датумот на одржување на трките претрпеа и трките во Бразил, Саудиска Арабија и Абу Даби.