Норис ја има најоригиналната кацига за трката во Мајами (ФОТО)

Талентираниот возач Ландо Норис ги изненад сите за време на тренингот пред трката во Мајами, кога излезе со кацига која изгледаше како кошаркарска топка.

Кацигата е совршено изработено и делува како вистинска топка, а на прашање на новинарите која била инспирацијата, Норис кажа дека тоа е кошарката.

„Мислам дека е очигледно. Кошарката. Знаев дека сите поради Мајами ќе цртаат палми, плажи и сонце по кацигите и останати досадни работи, па јас сакав да бидам поразличен. Не е лесно да се изработи кацига која личи на кошаркарска топка“, вели Норис.