Неверојатна акробација: Со полна брзина „прелета“ преку мотоциклот, но успеа да се спаси! (ВИДЕО)

Додека неговиот помлад брат гази се пред себе во МОТО ГП шампионатот, Алекс Маркез се спаси од сериозни, можеби и фатални повреди на патеката „Мотеги“.

Шпанецот, кој се натпреварува во МОТО2 шампионатот, изгуби контрола над мотоциклот и едвај успеа да се задржи на него. Единствени делови од неговото тело кои останаа на мотоциклот во тој момент беа рацете. Но, држејќи се за рачките направи неколку акробатски потези и потоа успеа да го запре мотоциклот и да го паркира покрај оградата, а потоа повторно да се врати на патеката.

Крајот на неговата авантура и начинот на кој тој заврши, беше проследено со аплауз од боксот од сите тимови.

Брутално. Имаше се, од скијање, сурфање... Не можев да замислам како се спасив. Презадоволен сум што успеав да се задржам на мотоциклот, изјави Алекс Маркез.