Надежта последна умира: Шумахер ќе го продолжи лекувањето на Мајорка

Поранешниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, а сега ќе го продолжи лекувањето на Мајорка, поточно во вилата која пред три години неговата сопруга Корина ја откупи од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Вилата се наоѓа на 15.000 квадратни метри и содржи два базени, хелиодром, теретана и многу други детали, а семејството Шумахер ја плати неверојатни 30 милиони евра.

„Вистина е дека Шумахер ќе се пресели кај нас“, соопштија од општината.

Неодамна беше откриено дека Шумахер може да комуницира со очите и дека со медицинска помош би можел во иднина да направи и некој чекор.