Му доаѓа крајот на Фетел: Ферари сериозно „загриза“ за Хамилтон

Себастијан Фетел најверојатно по крајот на следната сезона ќе го напуштит тимот на Ферари затоа што уште не му бил понуден нов договор.

Италијанските медиуми објавија дека целта на Ферари е ангажирање на Луис Хамилтон во 2021 година, а тоа воопшто не е добро за Фетел.

Од друга страна, „Марка“ пишува дека Фетел веќе контактирал со следниот тим, а тоа би требало да биде Мекларен.

Мекларен постојано напредува, па сигурно во 2021 година ќе има болид кој ќе биде прифатлива опција за Фетел.