Мик Шумахер го провозе шампионскиот болид на неговиот татко Михаел во Муџело

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик денеска во Муџело пред грнаприто на Тоскана во Формула 1 го провозе шампионскиот болид од Ферари на својот татко Ф2004, како дел од јубилејот на италијанскиот тим и нивната илјадита трка во „октанскиот циркус“ во историјата.

Шумахер кој вози во Формула 2 е многу близу да влезе во Ф1, па нема да биде изненадување ако од следната сезона седне во болидот на Ферари, каде неговиот татко освои пет од седумте светски титули.

„Сонував за вакво нешто, да го возам овој болид. Јас лани го провозев во Хофенхајм, ама во Муџело, на најдобри можни услови... Тоа е само една голема чест. Ферари ти благодарам за ова“, рече Шумахер.

Михаел Шумахер веќе шест години е во ведегативна состојба после несреќата на скијање на француските алпи, а Мик веќе го препознаваат како наследник на „летечкиот Германец“ во иднина.