„Мик Шумахер е еден од најдобрите кандидати за Мерцедес“

Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер даде коментар за најавеното заминување на Луис Хамилтон во 2025 година, кога Британецот ќе се пресели во Ферари.

Ралф смета дека еден од најдобрите кандиати за нов возач на Мерцедес е неговиот внук Мик Шумахер.

„Нема многу кандидати, па Тото Волф мора да донесе паметна одлука. Џорџ Расел има квалитет да ги следи стапките на Луис. Мик е една од најдобрите опции меѓу младите, но сметам дека и Карлос Саинц е одличен избор. Сепак, Мик заслужи шанса“, вели Ралф.