
Мерцедес му понуди рекорден договор на Хамилтон иако нема победа – цела година!
Неговиот сегашен договор завршува на крајот од годинава, според кој заработува околу 40 милиони евра, но германската екипа сака уште сега да го „врзе“ и за во следните две години односно за до крајот на сезоната во 2025 година. За тоа, Мерцедес е подготвен да плати вкупно 140 милиони евра, што ќе биде нов рекорд во Ф1, сума која, сепак, е далеку од бараните 400 милиони евра од страна на Хамилтон за период кој не е прецизиран.
Но, се очекува дека Британецот тешко дека би можел да го одбие овој договор, кој му предвидува и дополнителни 20 милиони евра годишно за функцијата „спортски амбасадор на компанијата Дајмлер. Неговата последна победа во Ф1 е остварена на 5 декември 2021 година во Саудиска Арабија.