Мерцедес ги промени боите на болидите во знак на борба против расизмот во Ф1 (ФОТО)

Мерцедес оваа сезона во Формула 1 ќе отстапи од својата традиционална сребрена боја на болидите со цел борба против расизмнот и дискриминацијата на секое ниво.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас оваа сеозна, што стартува викендов во Австрија на патеката ќе се појават со црни болиди. Комбинизоните на двајцата возачи на Мерцедес исто така ќе бидат целосно црни, а ќе бидат редизајнирани и нивните кациги, кои исто така ќе бидат порака за социјална и расна еднаквост.

„Ви ги претставуваме нашите нови бои за 2020. Ова е заклетва за да ја подобриме разноликоста на нашиот тим и нашиот спорт. Ова е сигнал на посветеноста на нашиот тим во борбата против расизмот и дискриминацијата во било која форма“, стои во соопштението на Мерцедес.

„Сребрената стрела цела сезона ќе се натпреварува во црна боја. Разизмот и дискриминацијата немаат место во нашиот спорт, ова е цврсто верување на Мерцедес“, додаде тимскиот шеф, Тото Волф.