Мерцедес бара истрага и казна за Ферстапен по инцидентот со Хамилтон (ВИДЕО)

Екипата на Мерцедес испрати официјално барање до ФИА во кое бараат нова истрага за инцидентот кој се случи во Сао Паоло на трката за Големата награда на Бразил, каде што триумфираше Луис Хамилтон пред ривалот за титулата, Макс Ферстапен од Ред Бул.

Во 48. круг од трката на патеката Интерлагос Ферстапен го истурка Хамилтон од патеката, а стјуардите решија да не преземаат дополнителни мерки поради инцидентот, па сега Мерцедес побара дополнителна истрага и казна за ривалот на Хамилтон.

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф по трката кажа дека Ферстапен требало да добие казна од пет секунди затоа што го истуркал Хамилтон од патеката и ги обвини стјуардите дека не го истражиле инцидентот во моментот.