Маркез го освои и Сан Марино: Шпанецот ита кон нова титула во Мото ГП шампионатот

Пилотот на Репсол Хонда, Шпанецот Марк Маркез, ја забележа 51. победа во Мото ГП шампионатот, откако славеше на трката за Големата нагрда на Сан Марино.

Тој низ целта мина пред Фабио Квартараро, иако во последниот свиок можеше ја го загуби првото место, сепак со одличен маневар успеа да дојде до уште една победа со која направи сигурен чекор кон нова титула.

Ова за него е вкупно 77-ми триумф во сите класи со што го мина на четвртата позиција легендарниот Мајк Хејвуд. На оваа листа лидер е Џакомо Агостини со 122 победи, Валентино Роси има 115, додека пред маркез, следна пречка е Анхел Нието со 90 триумфи.

На второто место заврши Квартараро, додека на подиумот се искачи и Маверик Вињалес. Четврти низ целта мина Валентино Роси, пред Морбидели и Довициозо. 

На шест трки до крајот на сезоната, Маркез има убедлива предност од над 100 бода во однос на Андреа Довициозо.