Луди квалификации во Канада, пол-позицијата за Расел

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Канада откако денеска триумфираше во квалификациите.

Всушност, Расел имаше исто време како Макс Ферстапен (1:12,000), но заврши како првопласиран затоа што прв го оствари најбрзиот круг. Освен тоа, актуелниот светски шампион може да биде казнет бидејќи против него е поведена истрага затоа што во првиот дел од квалификациите „ги игнорирал директивите на стјуардите“.

Третото место го освои Ландо Норис од Мекларен кој задоцни за 0,021 секунда во однос на Расел и Ферстапен, а веднаш до него е тимскиот колега Оскар Пјастри.