Леклер ја заборавил својата девојка – 25 минути чекала пред врата!

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, е еден од оние на кои времето поминато во карантин поради пандемијата на коронавирус не им падна тешко, пред се поради фактот дека е голем фан на онлајн-игрите.

Имено, Французинот неодамна призна дека неговата девојка морала да се претплати на неговиот канал и да му остави порака таму со цел да ја пушти во станот пред кој чекала 25 минути.

Мојата девојка мораше да се претплати на мојот канал „Твич“ за да може да ме праша да и ја отворам вратата. Таа чекаше на приземје 25 минути, не го слушнав телефонот, носев слушалки и бев фокусиран на рели трката, напиша Леклер на својот Твитер – профил.

Французинот реагирал тек кога го видел името во коментарите на играта, „молејќи“ го да ја пушти.