Леклер е тотален лудак: Возеше со 300 км/ч. со една рака на „Сузука“ (ВИДЕО)

Шарл Леклер сезонава во болидот на Ферари покажува дека е еден од најталентираните возачи во Формула 1 шампионатот.

Вчера на трката во Јапонија на патеката „Сузука“ немаше многу среќа, па финишираше на седмото место. Младиот возач од Монако на стартот од трката се судри со Макс Ферстапен и неговиот болид имаше оштетувања. Во еден момент Леклер мораше да го држи ретровизорот со една рака за да на испадне, а влезе во најбрзиот свиок на „Сузука“ наречен „130R“.

Тука вообичаено се вози околу 300 километри на час, но Леклер без многу мака со една рака на воланот со друга на ретровизорот мајсторски го мина свиокот.