Леклер доби жестока казна пред трката во Абу Даби
Леклер, сепак, доби ужасни вести по тренингот, односно беше казнет со додавање 10 позиции на неговиот пласман во квалификациите.
Младиот возач беше казнет затоа што неговата екипа вгради нова батерија на болидот и го надмина дозволениот број на промени на возилото.
Ова е голем удар за Ферари, кој се бори за титулата во конкуренција на конструктори со Мекларен. Италијанскиот тим во моментов има 21 бод негатива зад конкурентот пред последната трка.