Квартараро во завршницата го премина Мартин и славеше на трката во Доха (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на втората трка во Мото ГП шампионатот, која се одржа денеска во Доха, откако во самиот финиш успеа да го премине Хорхе Мартин и да слави за првпат сезонава.

Мартин водеше од самиот почеток на трката и ја држеше предноста до четири круга пред крајот, кога Квартараро успеа да го премине, а потоа шпанскиот возач го загуби и второто место, кое на крајот го освои неговиот колега Жоан Зарко.

Во генералниот пласман на Мото ГП шампионатот води Зарко со 40 бодови, додека Квартараро и Маверик Вињалес имаат по 36 бодови.