„Кога ќе видам колку луѓе останале без работа, не ми е згодно да преговарам за нов договор“

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, кој ја продолжи доминацијата во „октанскиот циркус“ и во новата сезона најави дека во овој момент не му е до преговори за нова соработка со Мерцедес и нов неверојатно богат милионски договор, поради ситуацијата со коронавирусот по која многу луѓе останале без работа.

Хамилтон е еден од најплатените спортисти на светот, а од поодамна се најавува дека наскоро со Мерцедес ќе седнат на преговарачка маса за да се договорат за нова соработка, која ќе му донесе ново богатство. Но, откако удри ковид-19 во светот, освен што се бројат милиони заразени и стотици илјади мртви, многу милиони луѓе низ светот останаа без работа поради тоа.

„Не е момент сега да седнеме да разговараме за нов договор. Искрено го чувствувам тоа и некако не ми е згодно да преговарам за милионски договор. Кога само ќе помислам и ќе видам колку луѓе останале без работа, на тие што моментно се невработени, преговор за моја милионска соработка и не ми е прво на памет која мора во моментов да ја направам. Не се чувствувам баш згодно за тоа, па подобро е да сочекаме подобри денови“, вели Хамилтон.

Тој најави дека веќе сигурно е дека останува во Мерцедес.

„Јас не разговарам со ниту еден друг тим. Радосен сум што ќе ја продолжиме соработката, ама тоа ќе се случи во некој момент, не сега“, додава Хамилтон.