Имола му е омилена на Иџе: Стефановски петти пат на подиумот на легендарната патека!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе стигна до првиот подиум сезонава, откако на неговата омилена патека во Имола, стигна до второто место по првата трка во годишниот ТЦР-шампионат.

Стефановски во првата трка заостана 0,816 секунди зад победникот Кевин Чекон, а трет заврши Русинот Евгени Леонов на легендарната патека, па ова е петти подиум во Имола за Стефановски во неговата кариера.

Најдобриот македонски возач пред пет години во ЕТЦЦ триумфираше во Имола, а откако се префрли во ТЦР, на истата патека еднаш беше втор, а двапати трет и сега повторно го освојува второто место.

Втората трка на Имола се вози утре од 12.15 часот.