Иџе не ја заврши втората трка на Имола поради скината гума!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе не ја заврши втората трка на Имола во рамки на ТЦР-шампионатот, иако вчера стигна до второто место на првата трка.

Стефановски немаше среќа на втората трка на Имола бидејќи му се скина гумата и мораше предвреме да ја заврши трката.

Иџе пред пет години во ЕТЦЦ славеше на Имола, а откако се префрли во ТЦР, тој освои четири подиуми.