Хрватски неврохирург: Ме бараа да му помогнам на Шумахер, но шансите се минимални

Изминативе неколку дена се појави информации низ јавноста дека Михаел Шумахер е свесен и дека во Париз добил терапија со матични клетки. Наводно неговото здравје е подобрено, откако пред шест години доживеа тешки повреди при несреќа на скијање на француските Алпи. 

Одредено време поранешниот Формула 1 шампион беше во вештачка кома поради тешките повреди. Според француските медиуми, Шумахер сега е подобро.

„Да, јас сум задолжена за Шумахер, а бидете сигурни дека тој е свесен“, изјавила една медицинска сестра во болницата во Париз.

Шумахер неколку пати бил на третмани во паришката болница „Жорж-Помпиду“, но секогаш бил примен под лажно име. Неговото семејство вешто ги крие сите информации поврзани со здравјето на Германецот.

Пред неколку години семејството Шумахер стапило во контакт со еден познат хрватски неврохирург, доктор Дарко Чуди. Тој работи со нова технологија во оваа област со вградување на микро чипови во мозоците на пациентите и резултатите кои ги добива се фантастични. Хрватскиот доктор им помогнал на многу луѓе, а сега ги потврдува информациите дека имало контакт да му помогне и на Шумахер.

„Немав директен контакт со семејството на Шумахер, туку со неговата менаџерка. Слушнале за мојата работа, тоа не е некоја тајна, овие методи се претставените пред неколку години, бевме во Њујорк и за нив знае цел свет“, вели доктор Чуди.

„На крајот не отидов да го видам Шумахер, не знам во каква состојба е. Сè што сум слушнал е од медиумите. Навистина не би сакал да претпоставувам, знам само дека семејството се одлучи за други методи. Шансите да се опорави по шестгодишна вегетативна состојба се минимални. Ако нешто се правело, тоа требало да биде направено во првата година по несреќата, а вака тешко“, вели познатиот хрватски неврохирург.