Хаос во Монако: Леклер се заби во ѕид, трката е прекината (ВИДЕО)

Вистински хаос настана на трката за Големата награда на Монте Карло која е прекината на девет круга пред крајот.

Сите болиди се во бноксот и ќе завршат со спринт. Причина е инцидентот на Шарл Леклер кој веднаш откако претходно имаше возило за безбедност се заби во ѕид.

На истото место пред него трката ја заврши и Ленс Строл. Претходно отпаднаа уште Ферстапен, Берман и Ботас, а како лидер во завршницата ќе влезе Кими Антонели, Хамилтон е зад него и Хаџар на третата позиција.