Хамилтон со три гуми триумфираше на „Силверстоун“

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон оствари трета победа по ред во шампионатот, откако славеше на трката за Големата награда на Велика Британија.

Британецот по седми пат во кариерата се најде на врвот во „Силверстоун“, а воедно го запиша и 87 триумф во кариерата, што значи дека четири победи го делат од рекордот на Михаел Шумахер.

Хамилтон се соочи со потешкотии во самиот финиш, кога му пукна една гума, па мораше со три гуми да вози до крајот и некако да слави.

Второто место го освои Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, а третата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари.