Хамилтон шампионскиот трофеј му го посвети на Ники Лауда

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека шампионскиот трофеј од Формула 1 му го посветува на легендарниот возач Ники Лауда, кој почина оваа година.

Британецот на две трки пред крајот на сезоната и теоретски ја завери шестата титула во кариерата, откако синоќа на трката за Големата награда на САД заврши на втората позиција.

Оваа сезона е за Ники Лауда, мојот прекрасен пријател и ментор, кого го загубивме годинава. Тој докажа дека храброста и решеноста одат рамо до рамо. Ова е за тебе Ники. Јас ќе продолжам да те правам горд, напиша Хамилтон на Твитер.

Ники Лауда почина во мај 2019 година на 70 години. Од 2012 година, тој работеше како еден од директорите во Мерцедес, а во кариерата беше три пати светски шампион, два пати како возач на Ферари, еднаш за Мекларен Мерцедес.