„Хамилтон мора да добие суспензија за неодговорното и опасно возење“

После обвинувањата од Кристијан Хорнер за опасното возење на светскиот првак Луис Хамилтон по кое Макс Ферстапен излета по првиот круг на Силверстоун вчера, високиот претставник на Ред Бул, Хелмут Марко побара ѝ – суспензија на Британецот.

Хамилтон при судирот со Ферстапен го истурка при голема брзина холандскиот возач, кој заврши во заштитната ограда и за среќа мина без посериозни повреди, иако превентивно беше однесен во болница.

Ферстапен реагираше вчера на „неспортскиот однос на Британецот кој славел додека тој бил во болница“, а Марко сега побара суспензија за исклучително опасно возење.

„Не знам која е максималната казна, ама ваквото неодговорно и опасно возење мора да се санкционира со суспензија или нешто слично. Кога има целосен судир на неговото предно со нашето задно тркало, тоа веќе не е тркачки инцидент, туку опасен дуел во најбрзиот свиок. Ваков потег не се прави ако се однесувате спортски на патеката“, рекол Марко.