Хамилтон е новиот рекордер - 92 победи во Формула 1

Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Португалија што е рекордна 92.победа за него во кариерата и воедно испиша нова историја во спортот. 

Возачот на Мерцедес повторно доминираше, денеска на патеката „Алгарве“ во Портимао и испиша новаи страници во спортот. Британецот минатата трка го израмни постигнувањето на Михаел Шумахер, а сега успеа да постави нов рекорд, кој веројатно уште многу долго нема да биде достигнат.  

Валтери Ботас финишираше на второто место, додека трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул. Шарл Леклер од Ферари е четврти, а во поени влегоа и Пјер Гасли, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Естебан Окон, Даниел Рикардо и Себастијан Фетел. 

Хамилтон на врвот во генералниот пласман сезонава има 256 бодови, неговиот тимски колега Ботас е втор со 179 бод, трет е  Ферстапен со 162 бодови.

Следната трка се вози на патеката „Имола“ во Италија за Големата награда на Емилија Ромања следниот викенд.