Хаас прв го претстави новиот болид за 2019 година (ФОТО)

Хаас Ф1 е првиот тим што го презентираше болидот за новата сезона во Формула 1 шампионатот. 

Болидот има комплетно нови бои и сега доминира црната боја со малку златно за да го отсликува главниот спонзор „Рич Енерџи“. Интересно е тоа што Хас денеска на промоцијата во Лондон го искористи ланскиот болид само за да ги презентира новиот бои. 

На социјалните мрежи ги сподели фотографиите од новиот болид, а во живо јавноста ќе може да го види болидот следниот понеделник на патеката во Барселона за кога е закажан и првиот официјален тест.

„Новиот болид изгледа впечатливо, е само по бојата, но и поради дизајнот со оглед на новите правила. Се надеваме дека овие промени во дизајнот ќе придонесат за подобро тркање на патеките и уште поважно ќе ни дадат можност да имаме поголемо влијание на секоја трка“, изјавија од Хаас.

За Хаас ова ќе биде четврта сезона откако се појави во Формула 1 шампионатот, а минатата сезона заврши на петтото место кај конструкторите, што е нивни најдобар пласман. Возачи на тимот во 2019 година ќе бидат истите од лани, Роман Грожан и Кевин Магнусен.